Актуелно 10.04.2019 15:16

ММФ со лоша проценка за економијата, раст до 2024 на БДП е проектиран на само 3,5 % ништо од ветениот раст на Владата од 5 %

ММФ со лоша проценка за економијата, раст до 2024  на БДП е проектиран   на само 3,5 % ништо од ветениот раст на Владата од 5 %

 

Во новиот извештај на ММФ „World Economic Outlook “ проекциите за македонската економија се катастрофални. Имено, ММФ го проектира растот на економијата за оваа година на 3% додека за 2020 на 3,1 и за 2024 на само 3, 5 %. Според податоците Македонија има најслаба проекција од земјите освен Црна Гора 2.8% и Хрватска 2.6% за оваа година.

 

За годинава проекцијата за раст за Косово 4.6%, за Албанија е 3.7%, за Србија 3.5%, за Бугарија 3.3%.

Голем број од економистите предупредуваа за лошите изгледи на македонската економија и за тоа дека растот нема да ги достигне владините проекции.

Инаку, Владата ветуваше дека растот на економијата ќе изнесува 5 % до крајот на мандатот но скоро сите реномирани финансиски институции како ММФ и Светска Банка го кажуваат сосема спротивното.