Актуелно 26.09.2023 09:07

Многу семејства едвај обезбедуваат егзистенција

Многу семејства едвај обезбедуваат егзистенција

Неговата работа е тешка колку и товарот за обезбедување храна за неговото шестчлено семејство.

Фари Имери е еден од работниците кои секој ден чекаат на ова место некој да ги ангажира за работа. Тој вели дека економската криза уште повеќе ја отежнала ситуацијата, ја скратиле листата за купување и иако за работата што ја врши треба добро да се храни, едвај преживуваат

„Многу е тешко, многу е тешко како да ви кажам не знам…Патиме многу, бидејќи тие бараат од нас. Многу е тешко, не знам како да ви одговорам, бидејќи храната е многу скапа, 100 денари не вреди ништо, ниту 1000 денари не вреди многу….Слаба храна, да не зборуваме понатаму. Пиперки, домати за лето, за зима, грав и слични работи. Скративме листа, да, помалку купуваме…“, вели Фари.

Економската криза влијаеше и на нивниот ангажман со работа, вели дека граѓаните немаат доволно пари и во текот на целата недела се случува да бидат ангажирани само два или три дена.

„Не, нема работа секој ден, можете да работите три дена во недела та, па два дена. Во зима, уште потешко е да се стигне до работа. Овде излегуваме во шест во лето, во зима во 8-9, бидејќи е ладно… Физички работник, со копач, носење мебел, сите овие работи, како физички работник….Во лето 10-12 часа има луѓе кои седат тука, кога е добро време, кога е лошо, одиме порано дома… Но, тоа влијаеше и те како, кога му велиш 2000 денари, многу велат, јас работам за 20 илјади денари месечно“, вели Фари.

Имери објаснува дека од 1989 година работи вака, додека некои други работат веќе 40 години. Тој објаснува дека приходот е многу низок и од март до октомври или ноември, физичкиот работник заработува максимум 1.500 евра.