Најпродаваниот автомобил во Европа во 2023 година беше моделот „ипсилон“ на Тесла. Овој автомобил со електричен погон, произведен во Америка, беше продаден минатата година во 254.822 примероци. Според бројките и анализите излегува дека 97 отсто од продажбата била во Европската унија, земјите од ЕФТА и Велика Битанија, објави Аутомотив њуз. Овој модел на Тесла постигна мала предност во однос на најблискиот конкурент Дачија Сандеро кој се продаде во 235.893 примероци. Трет е Волксфаген Ти Рок со 206.438 примероци, а четврти е Рено Клио со 202.942, кој заедно со моделот на Тесла направи најголем скок во продажбата во однос на претходната година.
Според порталот, една од главните причини за ваквиот исход е тоа што Тесла воведе значително намалување на цената на почетокот на годината, кое сепак надминува 40 илјади евра. Компанијата, исто така, имаше корист од субвенции за купување возила во Германија, каде што овој модел стана најпродаваниот електричен автомобил со приближно 45.800 регистрации.
Моделот „ипсилон“ на Тесла е исто така првиот електричен автомобил, кој го зазеде првото место во продажба во Европа и беше петти најпродаван автомобил во Америка минатата година со приближно 403.897 примероци испорачани на клиентите. Инаку за овој модел во Германија потребно е да се издвојат најмалку 42.900 евра, додека варијантите со подолг опсег и подобри перформанси се продаваат за 49.900 евра, пренесува Танјуг.
()