Регулаторната комисија за енергетика треба да ја објави новата цена на парното греење за користиците во Скопје. Според информциите до кои дојде Денар, денеска е последниот од серијата на состаноци помеѓу претставници на РКЕ и челните луѓе на енергетските компании кои за задолжени за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.
Тоа се трите компании кои се формирани од страна на државната ЕСМ. Новата цена треба да важи од први август.
Традиционално, крајот на јули е резервиран за одредување на новата цена на парното греење за жителите на главниот град.
Од почетокот на неделава во Регулаторна се одвиваат интензивни состаноци каде се разгледуваат трошоците на енергетските компании од областа на топлинската енергија бидејќи тие се основ за формирање на цената на парното греење. Секако, компаниите бараат одредено зголемување на цената на парното, но првично од егу соопштија дека ќе се обидат на креативен начин да го избегнат поскапувањето на оваа услуга. Енергетските компании не сакаат да коментираат засега ништо, пред да ја скројат цената која ќе важи за идната грејна сезона.
„Во тек се сите подготовки и фази кои РКЕ ги превзема во однос на формирање на нова цена на парно. Станува збор за техничко економска длабинска анализа во која се скенираат сите трошоци, но и се гледаат резлтатите од претходните години и реализираните инвестициски проекти. Во моментов се разгледуваат доставените барања од страа на тие компаниите на ЕСМ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија . По деталните анализи – до крај на месецот ќе биде соопштена новата цена на парно. Но она што е клучно е дека неопходно е навремено да се направат подготовки за новата грејна сезона, за истата да започне со минимизрање на можноста за дефекти – од страна на ЕСМ. Додека потрошувачите, управителите на објекти и Заедниците на сопственици да проверат дали им се подмирени сметките за електрична енергија за топлинската станица за да може да има непречен доток на топлнска енергија, велат од РКЕ.
Оваа одлука ја чекаат повеќе од 60 илјади домаќинства во Скопје. Трендот според регулаторот е дека има континуирано зголемување на бројот на корисници кои користат парно од централниот систем.
Сепак последните две години температурите во текот на грејната сезона не беа сериозно под нулата па често можеше да се забележи дека радијаторите се млаки а имаше и денови кога парното беше пуштено само неколку часа во текот на денот, поради топлото време.