Актуелно 25.08.2019 10:38

Муцунски: Компромис со правото на сметка на политиката не сме подготвени да прифатиме

Муцунски: Компромис со правото на сметка на политиката не сме подготвени да прифатиме

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски околу преговорите за новиот закон за Јавно обвинителство вели дека позициите на партијата се наоѓање на законско решение кое што ќе служи за подобрување на севкупните состојби во правосудството.

-Позициите на ВМРО-ДПМНЕ во овој процес веќе неколку месеци се доста конзистентни ние бараме наоѓање на законско решение кое што ќе служи за подобрување на севкупните состојби во правосудството односно една поголема реформа на обвинителскиот систем. Реформите мора да бидат усогласени со највисоките меѓународни стандарди кои што произлегуваат од Е.У. но и други меѓународни организации, а исто така значителен примат мора да се даде за почитување на внатрешното законодавство и почитување на Уставот на Република Македонија, вели Муцунски во интервјуто дадено за Радио Канал 77.

На прашањето што е она што се промени во преговарачките позиции на ВМРО-ДПМНЕ по притворањето на Катица Јанева, Муцунски вели дека кога се зборува за реформи не треба да се зборува за поединци.

– Ние треба да зборуваме за системски решенија кои мораат да го подобрат судскиот ситем кој не влева надеж кај граѓаните. Факт а е дека во функционирањето на СЈО има сериозни недоследности, сериозни индиции за злоупотреби од страна на голем број поединци кои работат таму, потенцира Муцунски.