Актуелно 21.03.2019 18:21

Муцунски: Стратешки потег е во јуни годинава Македонија да добие датум за пристапни преговори со Европската Унија

Муцунски: Стратешки потег е во јуни годинава Македонија да добие датум за пристапни преговори со Европската Унија

Во текот на овие два дена навистина имавме можност да сретнеме навистина голем број на релевантни лица, новиот лидер на ЦДУ, потпретседателот на Европската народна партија, како и други релевантни лица во Брисел и успеавме да афирмираме дека стратешки потег е во јуни оваа година Македонија да добие датум за пристапни преговори со ЕУ, ова од Брисел го порача Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ги афирмиравме ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и афирмиравме дека во Македонија има сериозен недостаток на владеењето на правото, имаме селективен правен систем, се соочуваме со огромни предизвици во развојот на економијата, животната средина и друго,додава Муцунски.

Тој вели и дека не смее да се продолжи со трендот на создавање за заштита или промоција на одредена мала група поединци.

Најнови вести