Со особена чест, во својство на Министер за европски прашања, го пречекав Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој денеска престојува во прва официјална посета на земјата, истакана министерот Орхан Муртезани.
Тој потенцира дека, заедно се упативме кон Владата на Република Македонија, на билатерална средба со премиерот Христијан Мицкоски, на која ќе се дискутира за унапредување на европската агенда.
Во разговорот со Кошта, имав можност да се уверам дека претседателот на Европскиот совет доаѓа со порака на поддршка и охрабрување дека иднината на регионот е во Европската Унија. Воедно, во име на Владата ја реафирмирав нашата позиција дека европската интеграција не е само стратешка цел, туку и вредносна определба, потенцира министерот Муртезани.
Кошта претходно ги посети Белград и Сараево, а целта на неговата регионална посета е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата.