Актуелно 29.11.2024 10:38

Муцунски се сретна со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Бартон: Зајакнување на трговската соработка

Муцунски се сретна со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Бартон: Зајакнување на трговската соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со оствари средба со Крис Бартон, Комесар за трговија на Обединетото Кралство.

За време на средбата беа разменети мислења и предлози за натамошно зајакнување на трговската соработка меѓу двете земји, како и за можностите за поголема интеграција на Македонија во регионалните и глобалните трговски мрежи.

Министерот Муцунски го запозна соговорникот со економските приоритети на Владата и изрази задоволство од континуираниот раст на трговската размена со Обединетото Кралство. Укажа дека постојат цврсти основи за нејзино зголемување во иднина и го подвлече значењето на јакнењето на меѓусебната соработка на полето на инвестициите.

Комесарот Бартон го истакна интересот на Обединетото Кралство за поддршка на британските инвестиции во нашата земја и продолжување на развојот на економските односи преку подобрување на деловната клима.

Двајцата соговорници разговараа и за продлабочување и проширување на соработката согласно Договорот за партнерство, трговија и соработка помеѓу двете земји, како и за потенцијалните области на соработка, особено развојот нановите технологии, обновливите извори на енергија, инфраструктурата, размена на добри практики во полето на дигиталната и еколошката трансформација.