Министерството за внатрешни работи, преку електронскиот систем за јавни набавки, склучи договор за набавка на репрезентативен материјал, а проценетата вредност на „зделката“ изнесува 2.427.024 денари или околу 40 илјади евра.
Предмет на јавната набавка се роковници, пенкала, папки и брендирани рекламни траки.
Имено, според договорот склучен на 29 август годинава, МВР набавува хемиски пенкала по цена од 57 денари без ДДВ. Со ДДВ цената достигнува 67 денари за пенкало.