Актуелно 17.02.2019 13:38

МВР за КУРИР: Исчезнатата скопјанка Даниела пронајдена мртва во водите на Вардар

МВР за КУРИР: Исчезнатата скопјанка Даниела пронајдена мртва во водите на Вардар

Потрагата по скопјанката Даниела Пецевска заврши трагично. Нејзиното безживотно тело, е пронајдено во реката Вардар.

Од МВР за КУРИР информираат дека телото кое вчера во 13:10 часот беше извлечено од водите на Вардар кај железничкиот мост во Горно Лисиче е на исчезнатата Даниела од Драчево.

-Идентификувано е телото кое вчера беше пронајдено во водите на Вардар, се работи за 40- годишната Д.П. која беше исчезната на 11.02. 2019 година. Завршена е и обдукцијата, нема траги од насилство, велат од МВР за КУРИР.

Семејство на Даниела 5 дена трагаше по неа откако беше пријавена за исчезната