Актуелно 24.01.2021 11:40

МВР: За неносење маска казнети 385 лица

МВР: За неносење маска казнети 385 лица

Во текот на изминатото деноноќие (23/24.01.2021 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 385 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.