Актуелно 06.06.2024 08:56

МЖ: Бојот на патници во последниот квартал лани е намален за 62,6%

МЖ: Бојот на патници во последниот квартал лани е намален за 62,6%

Во четвртото тримесечје од 2023 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 942.000 што е повеќе за 0,3 % од претходната година, во градско-приградскиот превоз 10.224.000 или помалку за 13,5% споредено со последниот квартал од 2022 година, во железничкиот превоз 49.000 што е помалку за 62,6% во истиот период претходната година, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 789. 856.000 или повеќе за 41,3 споредено со истиот период од 2022 година.

Во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2022 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 28,4 %, во железничкиот превоз е намаленo за 57,8 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 24,3 %.