Финансии 25.08.2023 13:35

На Чешка и на Романија им се заканува сериозна валутна криза во следната година

На Чешка и на Романија им се заканува сериозна валутна криза во следната година

Две членки на Европската унија, Чешка и Романија, би можеле да се соочат со сериозна валутна криза во следната година, а дури и Унгарија не е далеку од посилен пад на вредноста на домашната валута, објави деновиве водечката јапонска инвестициска банка Номура, кој со својот Дамоклесов индекс стана водечки светски прогнозер на валутни кризи. Јапонците во последниот извештај издвоија четири земји како високоризични и тоа Турција, Чешка, Шри Ланка и Романија.

Многумина веднаш забележаа како валутните ризици се движат кон ЕУ, меѓу членките кои од политички причини одбија да го воведат еврото и се борат со валутни флуктуации, но и со инфлација која е значително над просечните нивоа во ЕУ, пренесува Пословни дневник.хр.

„Според нас, триото шокови – пандемија, војна и висока инфлација – ја зголеми нееднаквоста на пазарите во развој“, рече Роб Субамаран, шеф на глобалното макро истражување на Номура. Заедно со четирите земји каде Турција е со најголем ризик, Номура тврди дека Чиле, Унгарија и Бразил се исто така блиску до прагот на акутен ризик. Појавувањето на Чешка во негативен контекст е најголемото изненадување од пакетот на Номура бидејќи е ниско задолжена земја со солидни економски показатели.

Валутните ризици се селат во ЕУ, меѓу членките кои од политички причини одбија да го воведат еврото и се борат со валутните флуктуации. Германија, на пример, се задолжува за десет години со камата од 2,55 отсто, Австрија 3,19, Словенија 3,44, Словачка 3,69 и Хрватска 3,89 отсто. Италијанците, пак, на јавниот долг треба да платат 4,19 отсто камата, Бугарија 4,29, Чешка 4,39, Полска 5,70, Романија 6,90, а најскапо се задолжува Унгарија со 7,7 отсто.