На Германија и недостасуваат стручњаци повеќе отколку што било досега. Сепак, колку во реалноста е лесно да се дојде до работа? Се повеќе германски фирми укажуваат на недостаток на работна сила. Германија моментално има недостиг од 440.000 висококвалификувани работници. Само во електроиндустријата се бараат 50.000 инженери, во ИТ секторот околу 55.000 експерти, додека во машинството објавени се околу 11.000 конкурси – односно 50 отсто повеќе од претходната година.
Во меѓувреме, дури 60 отсто од германските фирми истакнуваат дека недостатокот на квалификуваната работна сила им е најголем деловен проблем. Секое петто претпријатие бара млади таленти во другите региони, интензивно соработува со образовните институции и работи на превалификација на сопствените работници. До сега, 16 проценти од компаниите воведоа флексибилни работни модели како “делење на работни места”, додека 13 проценти се подготвени да вработуваат кандидати без соодветни квалификации – но со потенцијал за понатамошен развој.
Целта на германската влада е целосна вработеност – и тоа веќе до 2025 година. Арбер Бајрами живее таму во последните три години. Студира германистика и по малку работи. За Дојче кажува колкави се шансите за младите кои заминуваат во Германија.
“Тука многу лесно се доаѓа до работа, иако постои одреден степен на дискриминација. Владее голема побарувачка за работна сила, како во приватниот, така и во јавниот сектор. Ако некој кандидат има посебни квалификации што го издвојуваат од конкуренцијата, ќе биде лесно да најде работа во Германија “, тврди младиот студент.
Според некои прогнози, Германија во 2030 година би можело да и недостасуваат преку 3 милиони квалификувани работници. Во моментов има слободни преку милион работни места – но исто толку и долгорочно невработени.