Актуелно 13.11.2019 13:19

На лагите на СДСМ и Заев им нема крај: Ветуваа гасификација и изградба на хидроцентрали до 2020, но до денес нема ништо од тоа (ВИДЕО)

На лагите на СДСМ и Заев им нема крај: Ветуваа гасификација и изградба на хидроцентрали до 2020, но до денес нема ништо од тоа (ВИДЕО)

Но Заев дека е истите лаги ги ветува и во опозиција и на власт, е доказ и ветувањето дека во 2019 година ќе започне изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште.

-Во 2019 година почнуваме со изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште кои ќе бидат јавно приватно партнерство, а проектот ќе биде вреден повеќе од 800 милиони евра, велеше неодамна Заев пред македонскиот народ.

Сепак до денес, ноември 2019 година, на само еден месец до крајот на истата година ништо нема од ветениот проект на Заев.

Инаку во програмата и најголемата политичка лага наречена „Живот за Македонија“ стручњаците и експертите на СДСМ предвиделе изградба на Чебрен и Галиште, така што ќе ја подобреле физибилноста и со сопствени средства на ЕЛЕМ ќе го изграделе Чебрене и Галиште.

Фан страната „Лагите на Заев“ во своето видео пишува дека доколку појдете по должината по течението на река Црна ќе видите дека ниту нешто се гради, ниту пак дека некој има намера да гради.

Доказ дека не само Заев туку и целата Влада под негова контрола ја лажат јавноста и ветуваат лажни проекти е изјавата на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.

Тој прво ветуваше дека во 2018 година ќе отпочне интерконекциската врска со Република Грција и со Република Бугарија се со цел магистралните гасоводи да бидат завршени до 2020 година.

Тој ова го ветува дури и на почетокот на 2020 година, а тоа е за само за еден месец од сега.

До денес, ноември 2019 година проектот за интерконективно поврзување со соседна Бугарија и Грција не е ниту отпочнат.

Нема никакви теренски и градежни активности во правец на реализација на овие проекти.