Актуелно 10.09.2018 10:30

На патот Градско-Прилеп: Две лица загинаа откако со автомобил излетале во провалија

На патот Градско-Прилеп: Две лица загинаа откако со автомобил излетале во провалија

Две лица ги загубија животите откако синоќа со автомобил „Опел Астра“ излетале од пат во провалија.

Несреќата се случила околу 20 минути по полноќ на  магистралниот пат Градско-Прилеп.

-Патничко возило „Опел Астра“, управувано од О.И.(37) од Прилеп, изгубило контрола, удрило во заштитна ограда од мост и излетало од патот во провалија. Притоа, возачот О.И. и сопатникот Р.М. (56) од Прилеп починале на местото на настанот. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош, информираат од МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп

За време на увидот, од 00.30 до 05.00 часот сообраќајот се одвивал со наизменично пропуштање на возилата.