На полноќ и официјално започнува предреферендумскиот молк.
Државната изборна комисија ги дистрибуираше изборните материјали, вклучувајќи ги гласачките ливчиња и печатите на изборните општински комисии. На гласачките места тој ќе биде доставен во сабота односно еден ден пред гласањето.
Избирачкиот список брои вкупно 1 милиони 725.913 гласачи со право на глас во Македонија. За референдумот да биде успешен за постигнување на цензусот, правото на глас треба да го реализираат најмалку 862.957 гласачи.
Во сабота ќе гласаат болните и затворениците кои претходно се пријавиле за гласање во ДИК. Бројот на регистрирани болни лица е 4.693. Исто така, право на глас имаат 1.558 затворенци, притворени лица или во домашен притвор, како и седум раселени. Над 2000 граѓани се пријавија да гласаат во дијаспората