Живот 11.09.2024 10:15

На првата приватна вселенска прошетка одлетале четири луѓе, милијардер е првото приватно лице (ВИДЕО)

На првата приватна вселенска прошетка одлетале четири луѓе, милијардер е првото приватно лице (ВИДЕО)

Милијардер, пилот и двајца вработени во „SpaceX“ денеска полетаа од Флорида на мисија што треба да означи нова етапа во комерцијалното истражување на вселената – првата приватна вселенска прошетка во историјата, пренесува Курир.рс. „Полетува “Polaris Dawn“ на Илон Маск “, објавија од компанијата на Икс заедно со снимката од ракетата „Фалкон 9“ што полетува од вселенскиот центар Кенеди.

Полетувањето беше одложено неколку пати во изминатите две недели, најмногу поради лошите временски услови. Вселенската прошетка е планирана за четврток, на половина пат од петдневниот лет. Ако се оди според планот, тоа ќе биде прва приватна вселенска прошетка, но без напуштање на капсулата.

Вселенските прошетки, една од најризичните задачи за време на вселенските летови, беа преземени само од професионални астронаути кои и денес рутински го прават тоа на Меѓународната вселенска станица во орбитата а Земјата.

На прес-конференција пред летот, милијардерот и еден од учесниците во мисијата, Џаред Исакман, одби да каже колку инвестирал во летот. „Нема шанси“, рече тој. SpaceX соработува со Isaacman за да плати за развој на вселенски одела и други трошоци. „Не сум роден кога луѓето одеа на Месечината. Сигурно би сакал моите деца да видат луѓе како шетаат по Месечината и Марс и го истражуваат Сончевиот систем“, изјави 41-годишниот милијардер пред мисијата.

Најнови вести