Актуелно 29.05.2018 17:17

На регионот сѐ уште најскап е бензинот во Хрватска и Црна Гора

На регионот сѐ уште најскап е бензинот во Хрватска и Црна Гора

Во Хрватска и Црна Гора се вози на најскап безин во регионот, нешто поефтин е во Словенија, додека, пак, најскап дизел се продава во Хрватска, Србија и Словенија, пишува црногорскиот портал Bankar.me. Традиционално, најефтино гориво се точи во Македонија и Босна и Херцеговина. Цената на еуросупер 95 и еуросупер 98 во Црна Гора се на ниво на цените во Хрватска и Словенија, кои се членки на ЕУ и со далеку поголема куповна моќ од црногорските потрошувачи. Иако цената на дизелот е пониска во однос на Хрватска, Србија и Словенија, таа е сепак 15 центи повисока отколку во БиХ и 20 центи од Македонија, држави кои што ја субвенционираат цената на дизелот.
Цените се движат отприлика вака:
Црна Гора:
еуросупер 95: 1,37 евра
еуросупер 98: 1,41 евра
еуродизел: 1,23 евра
Словенија
еуросупер 95: 1,351евра
еуросупер 98: 1,366 евра
еуродизел: 1,296 евра
Хрватска
еуросупер 95: 1,40 евра
еуросупер 100: 1,46 евра
еуродизел: 1,32 евра
Србија
еуросупер 95: 1,24 евра
еуросупер 98:1,30 евра
еуродизел: 1,31 евра
БиХ
еуросупер 95:1,13 евра
еуросупер 98:1,17 евра
еуродизел:1,08 евра