Актуелно 08.08.2024 09:07

На што раководството во заминување на државниот ЕСМ ќе потроши 2 милиони евра во само два дена?

На што раководството во заминување на државниот ЕСМ ќе потроши 2 милиони евра во само два дена?

Не „штанца“ тендери на заминување само раководството на РЕК Битола. И нивните шефови од „централата“ односно менаџментот на ЕСМ вчера објави „тајна“ јавна набавка за струја за два дена ќе плати 2 милиони евра (наши очекувања според актуелни берзански цени н.з.)

ЕСМ, државната компанија за производство на струја односно поранеше ЕЛЕМ, ќе плати барем 2 милиони евра за да купи струја што ќе им биде испорачана почнувајќи од денеска па заклучно до полноќ оваа сабота спрема недела.

„Фактор“ дојде до документацијата за јавна набавка со која ЕСМ бара понуди да купи 200 мегавати моќност за период од 48 часа. Станува збор за вкупно 18.200 мегаватчасови електрична енергија за кои според актуелните берзански цени (според ХУПЕКС н.з.) ЕСМ ќе плати барем 2 милиони евра. Проекцијата ја направивме врз основа на денешната цена на струјата постигната на, за нас, референтата берза ХУПЕКС. Базната цена а денеска изнесува 107 евра за еден мегаватчас струја.

Набавката предвидува понудувачот да продаде 9.600 мегаватчасови за цел ден денеска (значи 24 часа) и уште 9.600 мегавати за 24 часа на 10 август.

Куриозитет е тоа што повеќе месеци наназад ова раководство на ЕСМ, кое чека смена, не работи транспарентно и не ги објавува јавните набавки за увоз на струја. И за тоа не понесува никаква одговорност.

Предмет на набавка се 200 мегавати моќност. Тоа значи капацитет на цел еден блок на РЕК Битола, но само на хартија. Затоа што ниту еден блок на РЕК Битола одамна не произел 200 мегавати за еден час.

Енергијата што се бара за потребите на системот значи дека РЕК Битола или барем два од трите негови блока нема да се во функција за тие два дена во кои ЕСМ купува струја преку „тајна“ јавна набавка.

„Фактор“ направи обид да провери колку електрична енергија произведува РЕК Битола во поседлниот месец, но податоци ќе можевме да обезбедиме. Затоа што МЕПСО државниот систем-оператор кој има обврска да објавува податоци за производство и потрошувачка на струја секојдневно ја нема ажурирано веб страницата од 14 јули годинава.