Актуелно 11.12.2019 15:29

На задолжувањата им нема крај!Владата идната недела планира да се задолжи за нови 21 милион евра

На задолжувањата им нема крај!Владата идната недела планира да се задолжи за нови 21 милион евра

Владата идната недела на 17-ти  планира да се задолжи 21 милион евра. Според аукцијата објавена на Народна Банка на Република Македонија закажана е аукција на државни хартии од вредност во вредност од 21,1 милион евра.

Задолжувањата континуирано растат додека капиталните инвестиции се на очајно ниско ниво. Опозицијата ВМРО ДПМНЕ како и експертската јавност континуирано предупредуваат за зголемените задолжувања и за зголемувањето на јавниот долг  но власта упорно ги спроведува и повеќе од проектираните.

Така  според информациите откако Заев е на власт  јавниот долг на државата е зголемен за вкупно 914 милиони евра. Од денес јавниот долг е фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра.

 

Инаку пред да дојде на власт СДСМ жестоко ги критикуваше задолжувањата и зголемувањето на јавниот долг предупредувајќи на црно сценарио за македонската економија додека сега континуирано ги спроведува и ја убедува македонската јавност  дека тие се во нормала.