На 23 овој месец Владата планира да се задолжува за нови 16, 2 милиони евра. Ова е само едно од низата задолжувања кои се прават од почетокот на годината и моментално ако се вклучи и задолжувањата во вторник од 16, 2 милиони евра вкупниот долг од почетокот на годината за нецели 3 месеци изнесува 229,2 милиони евра.

Имено долгот постојано расте и според аналитичарите ваквата состојба е алармантна. Така капиталните трошоци за почетокот на годината според Извештајот на Министерството за финансии за извршување на буџет изнесуваат очајни 1,09 %. Дополнително јавниот долг континуирано расте и ја надмина психолошката граница од 50 %.
Ваквата состојба каде што долгот расте додека реализацијата на капиталните инвестиции е ниска според економистите е поразителна и опасна.
Инаку, СДСМ пред да дојде на власт беше голем критичар на задолжувањата и растот на долгот но како власт континуирано ги практикува.
Познавачите велат дека и онака кревката македонска економија не може да си дозволи да се задолжува енормно додека нема никаков повратен ефект од тие средства.