Играта е јасна од почеток и затоа ВМРО-ДПМНЕ го оцени како капитулантски договор, посочи Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ во ТВ дебата со Стево Пендаровски, Имер Селмани и Љупчо Ристовски.
Нацев вели дека со овој договор се менува институционалниот и личниот идентитет.
-Ова е тотално поништување на идентитетот на Македонецот. Да се гази врз коските на сите оние кои го дале својот живот за оваа држава и да им го ускрати правото на идните поколенија за она што го направиле нивните предци, истакна Нацев во дебатата.
– Бараат од Македонецот сам да се лоботомизира, да заборави се, оценува Нацев, кој потоа праша:
-Како нема да им биде срам да прошетаат во Крушево, да отидат во Смилево и во Разловци? Колку незгодно ќе им биде кога ќе ги слушаат македонските народни песни, од кои секоја втора е за непокорот на Македонецот и за неговата желба да има сопствена држава?