Актуелно 26.09.2025 08:58

Началникот на Генералштабот ќе учествува на конференцијата на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот ќе учествува на конференцијата на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе учествува на редовната годишна конференција на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови која ќе се одржи од 26 до 27 септември 2025 година во Рига, Република Летонија.

На конференцијата, со која ќе претседава Претседателот на Воениот комитет, адмирал Џузепе Каво Драгоне, а на која ќе присуствуваат и Врховниот командант на Сојузничките сили во Европа (Supreme Allied Commander Europe – SACEUR), генерал Алексис Гринкович, и Врховниот командант за трансформација (Supreme Allied Commander Transformation – SACT)), адмирал Пјер Вандер (Pierre Vandier), ќе се дискутира за актуелните безбедносни предизвици, операциите, мисиите и интероперабилноста на НАТО силите.

Највисокиот воен авторитет на НАТО алијансата, Воениот комитет во формат на началници на генералштабови се состанува двапати годишно во седиштето на НАТО во Брисел, а еднаш годишно се одржува во сојузничка земја членка во рамки на конференција. Воениот комитет на НАТО претставува значајна врска помеѓу процесот на донесување на политичка одлука и интегрираната воена структура на Алијансата.