Актуелно 21.11.2023 14:37

Национални шуми за 712.000 евра ќе купи 20 теренци на лизинг

Национални шуми за 712.000 евра ќе купи 20 теренци на лизинг

Државното претпријатие „ЈП Национални шуми“ на лизинг ќе набави 20 нови теренски возила за потребите на своите вработени, а тоа ќе го чини над 700.000 евра.

Оваа компанија склучи договор за јавна набавка на теренски возила со погон на сите оски (4х4) за своите подружници преку финансиски лизинг со компанијата „Аутомотив Груп“ која беше единствениот понудувач на тендерот.

Оваа компанија треба да направи 20 теренскои возила „Дачија дастер“ кои ЈП Национални шуми ќе треба да исплати на лизинг преку „Шпаркасе лизинг ДОО Скопје“ во рок од 60 месеци. По исплатата на последната рата, теренските возила ќе преминат во сопственост на јавното претпријатие кое мора да исплати учество од 20% од вкупната вредност на договорот со сите вклучени трошоци и попусти по испорака на возилата.

Според техничките спецификации се работа за моделот „дастер 1.5дци 115 4х4“ кој чини 30.000 евра без ДДВ според финансиската понуда од „Аутомотив Груп“.

Истиот модел во слободна продажба, според податоците на официјалната страница на „Дачија“ чини од 26.300 до 28.900 евра во зависност од нивното на опрема, а ЈП Шуми ќе платат за секој од нив по 35.00 евра.

Државното претпријатие во основните карактеристики побарало возилата да а имаат манулен менувач, погон на сите четири тркала, метална заштита на моторот напред (офроуд заштита), гуми за сите терени, гаранција и сервис од минимум три години, неколку стандардни системи за безбедност (АБС, ЕСП, воздушни перничиња), клима уред, кука за влечење, сообраќаен сет и оригинални гумени патосници. ()