Актуелно 24.07.2020 10:43

Над 15 милиони заразени со коронавирус во светот, еве кои држави се најпогодени

Над 15 милиони заразени со коронавирус во светот, еве кои држави се најпогодени

Со коронавирусот ширум светот се заразени над 15 милиони лица.

Според последните податоци до денес, од Ковид-19 починати се 631,680 лица, а над 15,4 милиони се заразени. За оздравени се водат 8,7 милиони лица ширува светот.

Франс прес пишува дека бројот на заразени не ја претставува реалната слика на пандемијата бидејќи некои земји ги тестираат само тешко заболените лица, некои користат тестирање за следење на вирусот, додека голем број сиромашни држави имаат ограничување во капацитети за тестирање.

САД се најпогодени од пандемијата со 146.419 починати лица и 4,1 милиони заразени. Повеќе од 1,2 милиони се оздравени од Ковид-19.

По САД, најтешка е ситуацијата во Бразил, Велика Британија, Мексико, Италија.

Меѓу тешко погодените земји е и Белгија која има најголем број починати во однос на бројот на жители, односно 85 жртви на 100.000 жители, следуваат Велика Британија (67), Шпанија (61), Италија (58) и Шведска (56).

Во Европа има 206.714 жртви и над три милиони заболени лица. Латинска Америка и Кариби имаат 173.867 смртни случаи и четири милиони заразени, САД и Канада бројат 152.094 починати лица и4 милиони заразени, Азија бележи 54.096 смртни случаи и 2,2 милиони позитивни на Ковид-19. На Блискиот Исток се регистрирани 23.942 жртви и над еден милиони позитивни лица. Во Африка има 16.432 смртни случаи и 771.160 заболени лица, а Океанија е со 162 жртви и 14.936 позитивни лица.