Над 95 проценти од деловните субјекти во земјава користат компјутери во работењето, а над 50 проценти имаат веб страница, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според овие податоци, 96,4 проценти од деловните субјекти годинава користеле компјутер, а широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 91,6 проценти од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Од вкупниот број деловни субјекти, 52,5 проценти имале веб-страница или почетна страница.
Во однос на е-трговијатa, 14,7 проценти од деловните субјекти со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, a 14,3 проценти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба.