Банкарство 17.10.2023 10:13

Наградна игра на НЛБ Банка „Со мКлик најава до СМАРТ награда “

Наградна игра на НЛБ Банка „Со мКлик најава до СМАРТ награда “

Од 16-ти октомври НЛБ Банка започнува наградна игра во сегментот на мобилното банкарство за физички лица, повикувајќи ги сите постојни, но и нови корисници на НЛБ мКлик мобилно банкарство да земат учество и да станат потенцијални добитници на вредни награди.

Право на учество во наградната игра имаат сите постојни и нови корисници кои во промотивниот период од 16-ти октомври до 15-ти декември ќе jа активираат НЛБ мКлик мобилната апликација. Сè што треба да направат за време на промотивниот период е најмалку еднаш да се најават, односно да се логираат со својата лозинка на НЛБ мКлик мобилната апликација.

Во наградната игра под слоганот „Со мКлик најава до СМАРТ награда“ НЛБ Банка ќе награди 104 клиенти со вредни награди. Секој работен ден НЛБ Банка ќе доделува по два СМАРТ часовника или вкупно 86, а секоја среда ќе доделува по два СМАРТ телефони, односно вкупно 18 за целото времетраење на наградната игра.

Детали за Правилата за наградната игра „Со мКлик најава до СМАРТ награда“ се достапни на веб страницата на НЛБ Банка (www.nlb.mk) на која воедно, секој работен ден по извлекувањето на дневните и неделните награди, ќе биде објавен списокот на добитниците. Наградите ќе може да се подигнуваат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во дирекцијата на НЛБ Банка на Ул. Водњанска бр.1, 1000 Скопје.

Дополнителна придобивка за новите корисници на мКлик мобилното банкарство е и актуелната промоција на НЛБ Банка која се однесува на сите нови активации на мКлик до крајот на годината за кои корисниците добиваат 3 месеци бесплатен НЛБ мКлик Стандард пакет со право на плаќање!

Зошто НЛБ мКлик?

НЛБ мКлик – мобилно банкарство е софтверска апликација која се инсталира и користи преку мобилен телефон. Со НЛБ мКлик апликацијата заштедувате време и финансиски средства и не зависите од работното време на експозитурите на Банката. Со аликацијата можете да ги извршувате сите банкарски услуги 24 часа, 7 дена во неделата од било кое место, а дополнителен бенефит се пониските провизии за електронски налози во однос на налозите извршени во експозитура.