Најверојатно многу пати, затоа што не сакаме да се удрат, да паднат, да заплачат, а со тоа не само што не им дозволуваме да бидат деца, туку не им дозволуваме и да ја развиваат својата интелегенција.
Станува збор за детските потреби – кога ќе се качат на кревет децата веднаш скокаат.
– Не, немој да скокаш, ќе паднеш, ќе го уништиш креветот, веднаш симни се.
На децата им е досадно и со радост би се вртеле околу својата оска.
– Гледај мамо, хахахаа, се вратм, јеее…. Престани веднаш, ќе ти се заврти, ќе паднеш… И скокнуваме веднаш на нив да ги прекинеме.
Еден од примерите е и оној кога родителите шетаат со своето дете покрај патот, а тоа упорно оди на работ и балансира и покрај сите силни предупредувања дека може да го згази автомобил.
Или детето отуштено седи во фотелјата пред телевизор, па почнува лесно да удира со ногата по работ, па уште, па уште и уште. И секако, веднаш го опоменуваме. – Зошто тропаш со ногата, немој тоа да го правиш, те молам.
А тоа детето всушност само замислува некоја своја имагинирана линија и се одбива од неа за повторно да ја дофати. Кога ќе му стане досадно, тоа својата линија ја поместува малку погоре и почнува да удира уште повеќе. Во тој момент во телото на детето се активираат сите мускули и тоа не само физички, туку и работата на делот од мозокот, кој ги движи и контролира мускулите, што дополнително е стимулација за развој на невроните во мозокот. Невроните најбрзо се развиваат до седмата година од животот.
И тука лежи цела фама, а појаснување дадоа најпаметните експерти, членови на Менса.
Интелегенцијата имено не зависи само од бројот на невроните, односно таа не е поврзана само со генетескиот потенцијал, туку и од важните врски меѓу невроните т.н. синапси, кои се развиваат само до седмата година на детето. Со развивањето на невроните, одржувајќи ги невроните живи и создавајќи нови врски меѓу нив се зголемува самата интелигенција на детето. Со други зборови – мозокот кој е стимулиран со природни детски „палавштини“ не дозволува изумирање на невроните.
Значи, кога мозокот има повеќе неврони, логично е дека е попаметен од оној чии неврони изумираат. А тие изумират доколу мозокот не се тренира, доколку се остави пред телевизор, таблет, монитор, полека впива информации без никакви физички (ре)акции. И тоа е цело обајснување на (не)интелигенцијата.
Знаете ли дека ротација околу својата оска се смета една од најкомплицираните движења и дека детето со тој чин од кој модерните родители многу се грозат, не се смета само за нова синапса, туку и една сосема нова перцепција во светот. Не е лесно да се заврштиш и да не паднеш или да се падне и веднаш да се ориентира во просторот. Децата така го развиваат својот мозок и истовремено одржуваат рамнотежа вклучувајќи ги сите мускули во телото. Сето тоа му помага на детето побрзо да го перцепира и го препознава светот околу себе и побрзо да размислува и да заклучува.
Како пример тука можеме да го истакнеме и она фамозно превртување и качување на глава, кога не мал број родители мислат дека на детето ќе му се слее цела крв во мозокот и потоа… Што? Потоа детето убаво малку ќе го перцепира светот наглавечки.
Наместо најнови таблети, купете им удобни патики за трчање.