Македонскиот пасош се наоѓа на 40. место, според најновото истражување на компанијата “Henley and Partners” за моќта на пасошите.
Најдобро рангирани се јапонскиот и сингапурскиот пасош, кои го делат првото место, и со нив може да се влезе во 189 земји без виза, покажува истражувањето.
Иако лани беше на првото место, годинава германскиот пасош е на второто и ги отвора границите на 188 земји.
Третото место го делат Финска, Франција, Италија, Јужна Кореја, Шпанија, Шведска и Данска, чии жители можат да патуваат во 187 земји без визи.
На четвртото место се Австрија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Велика Британија и САД, чиишто државјани можат да патуваат во 186 земји од светот.
По нив следат Белгија, Канада, Ирска и Швајцарија, а нивните сопственици без виза влегуваат во 185 земји.
Од регионот, најбаран е словенечкиот пасош на деветтата позиција, а по него следат хрватскиот и бугарскиот пасош кои го делат 16 место, српскиот на 36 место, македонскиот на 40, па босанскиот и албанскиот на 46 и 47 позиција.