Актуелно 01.11.2023 09:45

Најголемата пензија доаѓа од странство и изнесувала 7.800 евра месечно

Најголемата пензија доаѓа од странство и изнесувала 7.800 евра месечно

Најдоходовен пензионер е скопјанец кој прима пензија од странство и таа во 2022 година изнесувала 7.800 евра. Ова произлегува од годишните даночни пријави, за кои сумирани резултати презентираше УЈП.

Второрангиран пензионер по висина на својата месечна пензија е од Делчево и земал пензија од 3.640 евра.

Во првите 10 пензионери со најголеми пензии се 8 од Скопје, еден од Делчево и еден од Радовиш.

Во оваа група од 10 најголеми пензии најниската пензија е 1.370 евра.