Финансии 17.04.2018 23:37

Најголеми давачките за вработени во финансиите и осигурувањето

Најголеми давачките за вработени во финансиите и осигурувањето

Годишниот просек на издатоци на работодавач по вработен во Македонија во 2016 година изнесувал 398.242 денари, објави денеска Државниот завод за статистика.

Годишниот просек на издатоци на работодавач по вработен во Македонија во 2016 година изнесувал 398.242 денари, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголем годишен просек на издатоци на работодавачот по вработен во Македонија има во секторот „финансиски дејности и дејности за осигурување“ и изнесува 695.297 денари.

Во 2016 година, годишниот просек на издатоци на работодавач по фактички одработен час во Македонија изнесува 229 денари, а годишниот просек на одработени часови по вработен  е 1.740 часови.
часови.

Државниот завод за статистика укажува дека првпат при обработката на податоците од истражувањето Анкета за цената на трудот спроведено во 2017 за податоци за 2016 година е користен комбиниран метод (Управа за јавни приходи и Централен регистар).