Просечната нето-плата по вработен во мај изнесува 41.252 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоци на ДЗС, најниската просечна нето-плата во мај е во секторот Заштитни и истражни дејности и истата изнесува 22.128 денари, следи Рибарство и аквакултура – 26.444 денари, па услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животна средина и природа – 26.448 денари, Производство на кожа и производи од кожа – 26.820 денари и Производство на облека – 27.726 денари.