Живот 26.03.2021 20:00

НАЈНОВО ИСТРАЖУВАЊЕ: Дури 75% од починатите од Ковид-19 го имале ова во срцето

НАЈНОВО ИСТРАЖУВАЊЕ: Дури 75% од починатите од Ковид-19 го имале ова во срцето

Три четвртини од починатите од ковид-19 имале вирус во срцето, покажало најновото истражување на срцевото ткиво.

Како што објави американскиот научен магазин Наука, жртвите имале абнормални аритмии на срцето пред да ја изгубат битката.

Ова најново истражување, нуди увид во тоа како болеста може да го оштети срцето и како одредени третмани можат да помогнат да се спречи фатален исход.

Научниците собрале доволно докази за оштетување на срцето кај пациентите со ковид, а се покажало дека поединечни пацинети имале покачено ниво на тропонин, молекула која се ослободува во крвта кога еќ дојде до оштетување на срцето.

Некои добиле воспаление на срцевата кеса која го опкружува срцето, а дошло и до воспаление на самото срце, меѓутоа, не е јасно дали овие проблеми се предизвикани од ковид кој директно го нападнал срцето или сето тоа е последица на имунолошкиот одговор.

Истражувањето е објавено во Општата болница во Масачусетс, на околу 1.000 парчиња срцево ткиво, а се вршело на повеќе од 20 примероци од 41 пациент.

Како што се наведува, се покажало дека ковид бил присутен во 30 срца.