Живот 09.10.2018 14:36

Најпознатата рибарница во светот се сели на нова локација

Најпознатата рибарница во светот се сели на нова локација

Секојдневно, повеќе од 80 години на пазарот на риба во Цукиџи во Токио или рибниот „Волстрит“, како што често се нарекува, се собираат купувачите и продавачите од Јапонија и од целиот свет, а на годишно ниво таму се вртат околу 4 милијарди долари. Но, на 11 октомври градските власти, конечно, ќе се преселат на друга локација.

Новогодишните аукции на туна во Цукиџи станаа главна туристичка атракција, а оние девните се привлечни за туристите, гастротуристите, јапонските суши-мајстори и западните готвачи. Познато е дека повеќе од 40.000 луѓе го посетуваат овој пазар секој ден.

Со глобалното зголемување на влијанието на јапонската кујна, Цукиџи доби посебно место во светот поради што нејзиното преместување на друга локација стана глобална вест.