Живот 11.06.2018 12:17

Најскап град за живеење е Цирих

Најскап град за живеење е Цирих

Швајцарската банка UBS направи истражување и според неколку фактори, ги рангираше градовите во светот според тоа колку е скапо да се живее во нив во годишниот извештај Prices and Earnings 2018.
Како што пренесува World Economic Forum, во периодот помеѓу јануари и април годинава биле собрани повеќе од 75.000 податоци за цените и платите во 77 градови ширум светот. Врз основа на сумираните податоци, изготвен е извештај, односно рангирани се градовите според тоа колку е скапо живеењето во нив.
Прв на листата како најскап град за живеење е швајцарскиот Цирих, додека, пак, последен или град каде што се живее најевтино е египетскиот главен град Каиро. Едни од најскапите градови за живеење кои се рангирани после Цирих се: Женева, Осло, Копенхаген, Њујорк, Токио, Милано, Лондон, Чикаго и Хелсинки. На дното на листата, освен Каиро, се и Лагос, Киев, Манила, Њу Делхи, Мумбај, Ханои, Софија, Мексико Сити и Наироби.