Ова е одличен пијалак кој ќе ве стопли, а особено е познат во Англија. Се пие топол во текот на зимата и има одличен цитрусен вкус.
Потребни состојки:
1 филтер кесичка „Earl Gray“ чај
235 мл. превриена вода
60 мл. виски
2 лажици цеден сок од лимон
Мед, за вкус
1 тркалце исечен лимон, за декорација
Начин на подготовка:
Ставете ја кесичката чај во шолја за млеко. Додадете ја топлата превриена вода и оставете да отстои околу 4 минути. Отстранете ја кесичката. Додајте го вискито и лимоновиот сок. Измешајте убаво. Додадете мед за вкус. Во шолјата пуштете го тркалцето лимон.
Можете да додадете и малку цимет.
На здравје!