Во август 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 0,6 проценти, а на годишно ниво за 1,2 отсто.
Според Државниот завод за статистика, во август 2023, во споредба со јули 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 1,2 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,7 отсто, додека во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,8 проценти.
Во август 2023, во споредба со август 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 17,7 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 11 проценти, додека во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за еден процџент.
Во август 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари на месечно ниво се пониски за 0,7 отсто, а на годишно ниво за 0,6 проценти.
Според Државниот завод за статистика, во август 2023, во споредба со јули 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,7 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,8 отсто.
Во август 2023, во споредба со август 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 19,5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,1 процент.