За луѓе на кои им е потребно за брзо време да ослабнат за некоја посебна прилика, диетата од 4 дена за намалување на 4 до 5 килограми може да биде совршена брза диета за да изгледаат подобро во кратките панталончиња на кои наскоро им доаѓа сезоната.
Креаторите на оваа идеја тврдат дека за 4 дена можете да изгубите 4-5 килограми, но бидете претпазливи. Доколку се решите да ја испробате оваа диета, имајте на ум дека не може да ја држите повеќе од 4 денови или пак доколку сакате можете да ја повторите само еднаш, значи вкупно 8 денови, бидејки нутриционистички не е избалансирана и може да доведе до дефицит на важните хранливи состојки.
Принципи за диетата 4 дена
За диетата 4 дена се подразбира дека мора строго да се придржувате кон пропишаните оброци. На интернет можете да најдете многу комбинации на менија кои содржат помалку од 1200 калории дневно. Поголемиот дел од експертите не препорачуваат внес помал од 1200 калории дневно. Диетата од 4 дена се смета за делумно изгладнувачка и затоа не смее да се практикува повеќе денови од пропишаното.
Пример на еднодневно мени за диетата 4 дена:
Појадок
-половина грејпфрут
Ручек
-100 грама немасен протеин како пилешко бело месо или 60 грама масни проетеини како говедско месо
-една шоља обарен зеленчук
-една шоља сиров зеленчук богат со влакна
-180 грама сок од домати
Вечера
-една шоља зеленчук со скроб, на пример тиквица варена или сирова
-една шоља зеленчук богата со влакна, како на пример карфиол, варен или сиров
-130 грама немасни протеини – пилешко бело месо, или 100 грама црвено немасно месо
-130 грама природен сок
Вода
Пијте по една голема чаша вода 30 минути пред секој оброк, 30 минути после вечерата и пред спиење, како би се заситиле повеќе и полесно да ги извадите отровите и маснотиите