Живот 30.10.2018 22:02

Направете си го денот поубав

Направете си го денот поубав
Young Woman Running with Golden Retriever

Неколку прекрасни мисли што ќе ве освежат со нови животни гледишта.

Не дозволувајте “вчера“ да ви одземе премногу од “денес“.

Не е важно дали сте доживеале неуспех туку дали сте се издигнале од него.

Знаењето не е доволно ако не се примени. Желбите се бесполезни ако не се работи на нив.

Стравот се накалемува додека седиме во место. Исчезнува кога ќе тргнеме во акција.

Креативноста е интелигенција која што решила да се забавува.

Никогаш не сте стари за нова цел или нов сон.

Не мораш да бидеш одличен за да започнеш нешто, но мора да започнеш нешто за да станеш одличен.

Лидерството е способност да поттикнеш извонредни достигнувања од обични луѓе.

Добрите нешта им се случуваат на тие кои чекаат, но уште подобри работи ги чекаат оние кои тргнуваат во акција.

Не го зголемувајте тонот на гласот, подобрете го вашиот аргумент.

Ако не можете да ги објасните работите на едноставен начин, значи дека не сте ги разбрале како што треба.