Мозаик 11.09.2018 20:40

Наскоро за пат во универзумот нема да ни треба ракета

Наскоро за пат во универзумот нема да ни треба ракета

Јапонците се на чекор до технологијата со која ќе одиме во далечини со помош на лифтови.
Јапонските научници кои работат на конструкција на вселенски лифт наскоро ќе извршат прво тестирање во вселената со минијатурна верзија на лифтот. Научниците се надеваат дека ќе успеат со помош на долг кабел инсталиран во вселената помеѓу два помали сателити да испратат лифт со минијатурни димензии 6 пати 3 сантиметри.

“Станува збор за прв ваков обид во светот, со кој се обидуваме да тестираме движење на лифт во вселената”, вели научникот.

Концептот на вселенскиот лифт кој со помош на цврсти кабли би се искачил неколку илјади километри до вселенската станица датира уште од 19 век. На таа идеја дошол рускиот научник Konstantin Tsiolkovsky уште во 1895. година, кога ја видел Ајфеловата кула.

Речиси сто години подоцна, Arthur Clarke, британскиот писател на научна фантастика, кој се држел цврсто до науката и нејзиниот вистински обем или дострел и хипотези, ја обновил оваа идеја во својата книга “Фонтаните на рајот”, објавена во 1978 година. Засега, тој сон заради технолошките бариери сè уште постои само во теорија. Но, една јапонска компанија на целата таа приказна гледа многу пооптимистички.

Нејзините експерти работат на изградба на лифт кој до 2050 година ќе ги транспортира туристите во вселената.

Компанијата објасни дека имаат намера да постават цврста карбонска наноцевка, по структура дваесет пати подебела од челик. Кабината на лифтот би се движела благодарение на шипка со должина од околу 96.000 километри, што е една четвртина од растојанието меѓу Земјата и Месечината.

Најнови вести