Банкарство 12.03.2024 08:10

Наталија Алексова реизбрана за член на Управниот одбор на ТТК Банка

Наталија Алексова реизбрана за член на Управниот одбор на ТТК Банка

Наталија Алексова уште четири години ќе биде дел од Управниот одбор на ТТК Банка. Новиот, кој е четврти мандат, почнува на 26 месецов. За реизборот од Банката информираат преку Македонска берза.

„Ве известуваме дека со решение на гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија бр.15-57/7 од 11.03.2024 година, издадена е претходна согласност за повторно именување (реизбор) на г-ѓа Наталија Алексова за член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, со нов мандат од 4 (четири) години сметано од 26 март 2024 година“, наведено е во објавата.

Алексова е генерален директор за управување со ризици, а член во Управниот одбор е од март 2012 година. Зад себе има долгогодишно банкарско искуство, почнувајќи од Тетекс банка, преку Тетекс – кредитна банка, па ТТК банка, каде што од 2006 извршува директорска функција.

()