Актуелно 24.05.2018 16:12

Натпревар за зелени бизнис-идеи: секоја година македонски идеи освојуваат 10 000 долари

Натпревар за зелени бизнис-идеи: секоја година македонски идеи освојуваат 10 000 долари

Здружението за социјални иновации „АРНО“ и оваа година го објави конкурсот за поддршка на зелени бизнис-идеи кои се иновативни, поттикнувааат развој на екологијата, промовираат традиционална изработка на производи и користат ресурси од локалната заедница. Пријавата за учество е достапна на www.arno.org.mk, рокот за аплицирање е до 20 јуни 2018 година.

„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални и зелени, одржливи бизнис-идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора , Србија и Босна и Херцеговина. Оваа година Македонија е домаќин на регионалниот натпревар каде победниците на националните конкурси, по тројца од секоја земја, се натпреваруваат за награда од 10 000 долари за реализација на идејата во своите земји. Минатата година Македонија имаше дури два победника: Екомагионичарот Кристиан Шопов познат со неговата моментална иницијатива „Хокус Покус – рециклирањето е во фокус“ и стартапот„ Храна за сите“, кој нуди онлајн продажба и донација на непродадена храна од угостителските објекти.