Волците кои живееле на местото на најголемата светска еколошка катастрофа- Чернобил, сега живеат во остатокот од светот, а научниците се плашат дека тие можат да шират мутирани гени. Научниците со право се плашат од волците од Чернобил.
Волците почнаа од Чернобил да заминуваат уште во 2016-та година, кога според последната евиденција имало околу 300.
Новата студија која е објавена во Европски магазин за истражување на дивите животни покажа дека на 30 километри околу Припјат, дивината останала зачувана, затоа немало човеков фактор кој би нарушувал живиот свет.
Во раните часови на 26 април 1986 година, дојде до катастрофа во нуклеарната електрана во тогашната Советска Украина, која предизвика бран кој испушти смртоносни облаци со атомски материјал во атмосферата, убивајќи и труејќи ги жителите и правејќи го подрачјето непосакувано за луѓето.
Меѓутоа, сите волците од тогаш се развивале, а научниците го прателе нивното однесувања по пат на предавател.
-Сега успеавме прв пат да лоцираме и да пратиме млад волк кој излезе од оваа зона, кажа екологот и водач на истражувањето, Мајкл Бајрн, кој додаде дека популацијата на волци од тогаш се зголемила за дури седум пати.
За само три недели, волкот кој научниците го пратат преку предавател поминал 300 километри. Бајрн вели дека ниту еден волк не е радиоактивен, но дека не може со сигурност да се каже дека не носи мутирани гени.