Мозаик 22.01.2021 01:26

Навални открива: Дали убавата Елизавета е „тајната ќерка“ на Владимир Путин?! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Навални открива: Дали убавата Елизавета е „тајната ќерка“ на Владимир Путин?! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Елизавета Луиза ужива во богатство и луксуз

Инстаграм профилот на 17-годишната тинејџерка, за која се смета дека е ќерка на Владимир Путин, прв го откри ривалот на претседателот Путин, Алексеј Навални.

На сликите се гледа како Елизавета – позната како Луиза – носи заштитна маска Шанел и живее луксузен живот со страст кон дизајнерските брендови, вклучувајќи ги ISL, Bottega Veneta, Miu Miu, Tom Ford и Dolce & Gabbana.

Според неофицијални информации во медиумите, нејзината мајка Светлана Кривоногих (45) била куќна помошничка која се претвори во милионер, започнувајќи врска со Путин кон крајот на 90-тите, додека таа беше чистачка, а тој беше шеф на ФСБ, пред да се разделат во раните 2000-ти, кога е родена Елизабета, според извештајот на руската истражувачка веб-страница Проект.

На други фотографии направени од Луиза, таа покажува како ужива во луксузен живот среде пандемија на коронавирус.

Неоснованите обвинувања дојдоа кога непријателот на рускиот претседател, Алексеј Навални, го обвини Владимир Путин дека користел државни пари за да ги финансира своите тајни љубовници.