Креативноста е многу пожелна особина, особено во денешно време. Меѓутоа инспирацијата е комплексна работа- доаѓа неочекувано, а кога впрочем ви е најпотребна, може и да ја снема. Иако секој поединец го инспирираат различни работи, постојат одредени навики на дневно ниво кои што можат да ги поттикнат креативноста и инспирацијата.
Клучот е во тоа да му дадете на својот ум слобода да се одмори и изрази.
Излезете од својата комфорна зона
Рутината може да биде погубна. Лесно е да се биде заглавен во секојднеието, да се работат исти работи секој ден и постојано да се комуницира со исти луѓе. Таквото однесување може да резултира со недостаток на стимулација и со самото тоа да престанете да бидете заинтересирани за се останато што животот го нуди. Креативната личност знае дека инспирацијата доаѓа од различни искуства, разговори и разонода. Пробајте нови работи, иако на почетокот може да чувствувате страв или пак да ви биде чудно. Разновидните искуства може да го исполнат вашиот ум со свежи идеи што може да придонесе и за брилијантен учинок.
Испланирајте го неиспланираното
Во намерата да бидеме што попродуктивни често имаме тенденција да претераме со плановите. Па,така ретко се сеќаваме да оставиме време за сонување и фантазирање. Минимизирајте ги пречките од типот на нотификации на телефон или силна светлина на лаптопот. Дозволете си себеси да не работите апсолутно ништо. Вашиот мозок ќе го искористи овој временски период максимално, иако ви се чини дека ништо посебно не се случува.
Пуштете го мозокот да работи кога спиете
На многумина им се случило да отидат на спиење со проблемот в глава, а потоа да се разбудат свежи и со енергија да го решат истиот. Вашиот ум работи дури и кога спиете. Дури и ако не се разбудите со решението во мислите, ќе се разбудете со поинаков агол на гледање на нештата. Тоа подоцна ќе има ефект и за разрешување на дадениот проблем.
Запишувајте ги идеите
Ужасно е кога имате идеја, а потоа ја заборавете бидејќи никому не сте ја кажале или никаде не сте ја запишале. Водете дигитални или белешки на хартија и нека бидат покрај вас сето време, така што ќе можете да запишете веднаш штом добиете нова идеја. Таквите записи може да бидат вистинско “богатство“ особено во моментите кога имате креативна блокада.