Девизните резерви на крајот на февруари годинава изнесувале 4.348,1 милион евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 10,7 милиони евра, соопшти Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (58,8%), по што следуваат валутите и депозитите (31,6%) и монетарното злато (9,6%). ()