Банкарство 14.06.2018 10:00

НБРМ: Во мај е забележан раст на кредитите и депозитите

НБРМ: Во мај е забележан раст на кредитите и депозитите

„Во мај, на кредитниот пазар дојде до забрзување на кредитната активност, при што се забележува зголемување на кредитите и на населението и на претпријатијата. Депозитните и кредитните текови во текот на периодот април – мај се повисоки од проектираните за второто тримесечје, што укажува на натфрлање на проекцијатаm за овој период“, соопшти НБРМ.

Забрзување на месечниот раст и на депозитите и на кредитната активност констатира НБРМ за мај.

Според Централната банка растот на депозитите во овој месец е последица на повисоките корпоративни депозити, а позитивен, но поумерен придонес имаше и штедењето на домаќинствата.

„Во мај, на кредитниот пазар дојде до забрзување на кредитната активност, при што се забележува зголемување на кредитите и на населението и на претпријатијата. Депозитните и кредитните текови во текот на периодот април – мај се повисоки од проектираните за второто тримесечје, што укажува на натфрлање на проекцијата за овој период“, соопшти НБРМ.

Од НБРМ велат дека во периодот помеѓу двете месечни седници на Комитетот, трансакциите на државата овозможиле зголемување на ликвидните средства на банките, што бело делумно намалено со зголемената побарувачка на денарска готовина на населението.

На девизниот пазар, и покрај сезонскиот пораст на побарувачката на девизи од компаниите поврзана со нивното редовно работење, на годишна основа за потребите на сите клиенти банките остварија пониска нето-продажба на девизи, што главно се должи на подобрите остварувања со скоро сите групи клиенти.

Ваквите движења на девизниот пазар, во комбинација со солидната девизна ликвидност на банките, овозможија натамошно висока понуда на девизи на меѓубанкарскиот пазар и откуп на пазарниот вишок на девизи од страна на НБРМ, во износ од 8,5 милиони евра.

Со тоа, во првите пет месеци од годината, НБРМ вкупно откупи 56,5 милиони евра од банките.