Премногу растенија
Растенијата во текот на денот произведуваат многу кислород, но ноќе го “вдишуваат”. Сѐ додека немате премногу растенија во својата спална соба, ноќната потрошувачка и дневното производство на кислородот ќе биде избалансирано. Сепак, задолжително е редовно проветрување!
Растенијата со јак мирис
Растенија кои интензивно мирисаат – како лавандата, јасминот и кринот – можат да го нарушат сонот. Нивниот силен мирис, исто така, може да предизвика главоболки. Алергичарите никогаш не треба да ставаат такви растенија во спалната соба.
Заболените растенија
Ако почвата во саксиите е скапана или раститението е болно, тоа може да предизвика алергиски реакции кај луѓето. Не чувајте болни растенија ниту во другите простории од куќата или станот.