Актуелно 15.02.2020 00:33

„Не ја прашувајте Мизрахи, прашајте ја Мила каде е новата табла“

„Не ја прашувајте Мизрахи, прашајте ја Мила каде е новата табла“

Техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи во обраќањето пред пратениците порача дека хајката против неа која почнала со антисемитски напади, завршила со, како што рече, евтината претстава наречена табла во Министерството.

-Дозволете да им се заблагодарам на сите граѓаните на Република Македонија, на ВМРО-ДПМНЕ и на Собранието за шансата да бидам министер. Ми беше чест и задоволство. Уште невлезена во Министерството како прва Еврејка во Владата бев мета на антисемитиски напади. Сите тие напади кон мене се засилуваа кога со факси и докази им презентирав дека Министерството е нефункционално. Конечно хајката против Еврејката Мизрахи од страна на СДСМ заврши, кулминира, со евтина театарска претстава наречена таблата во Министерството. Не ја прашувајте Мизрахи, прашајте ја Мила каде е новата табла. Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија, рече Мизрахи.